ВМРО-ДПМНЕ: На владата на Зоран Заев се повеќе ѝ се ближи крајот

СДСМ останува дувло на криминалот. Заев нема намера да ја реформира партијата, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Заев е секој ден се повеќе заглавен во криминал. На владата на Зоран Заев се повеќе и се ближи крајот.

Криминалите на оваа влада излегоа на површина. Затоа Заев мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Заев мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во „еден криминалец, суетен новинар и п.дер“.

Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи време, за да краде и рекетира. Деновите како премиер му се избројани.

Обнова на Македонија ќе се случи кога Заев ќе си замине од власта“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега