Јанушев: Нема да ви пројде ова - СЈО е компромитирано до коска

Не постојат законски пречки да се именува в.д. Специјален обвинител – изјави Зоран Заев. Епа постојат … и те како постојат, само што Заев не ги знае, а тие правници околу него сигурен сум дека не му ги кажуваат, во спротивно можат да си ги искинат дипломите!, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Прво, самата постапка за разрешување е во “најмала рака” долга и комлицирана.
ЈО треба да подготви Известување до Советот на јавни обвинители дека е покрената кривична постапка против Катица Јанева, по што Советот подготвува писмен Извештај за основите за разрешување кој го доставува до Комисијата за избори и именувања во Собранието на РМ, а оваа Комисија доставува предлог на пленарна седница на Собранието на РМ за разрешување, каде што се разрешува со двотретинско и бадентерово мнозинство. Е после се ова, Советот на јавни обвинители носи Одлука за разрешување на Катица Јанева, пишува Јанушев на Фејсбук и додава:

„Второ, Законот за СЈО никаде не уредува, ниту споменува именување, односно избор на в.д. Специјален обвинител, а упатувањето на Законот за ЈО може да го направи само неписмен правник … или некој кој одработува за криминално-рекетарската Влада на Зоран Заев и СДСМ! Нема да се дозволи еден рекетар како Катица да биде заменет со “ново дете”, исто послушник на Заев. Или за крај, вака народски кажано: “Дечки нема да ви пројде ова, помирете се – СЈО е компромитирано до коска, до срж! Прочитани сте! Пада Влада!“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2019 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега