ВМРО-ДПМНЕ: Заев изрекетира милиони а го лаже народот со 36 денари поголема пензија

         

Да имаше Зоран Заев барем малку образ, наместо да се фали, ќе се срамеше од покачувањето на пeнзиите за цели 36 денари и платите во образованието за 5 проценти. Искрадоа и изрекетираа милиони евра, а нарот го лажат со трошки. Ова го велат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

        -  СДСМ и Зоран Заев продолжуваат да ги манипулираат вработените во образованието. Празните соопштенија дека платите на вработените во образованието растат е само една обична популистичка мерка која има за цел да ја дефокусира јавноста од реалните проблеми на граѓаните, од криминалните тендер, поткупи и рекети кои ги врши оваа криминална влада и аболицираниот Зоран Заев. Најавеното покачување од 5 проценти на платите предизвикува само револт и е под просекот ако се земе во предвид дека во образовните институции нема никакви услови за работа, велат тие.

          СДСМ ветуваше дека доколку дојдат на власт нема да дозволат ниту еден наставник во државата да зема плата пониска од просечната. За се што ветија за се излажаа а тоа најдобро го чувствуваат граѓаните на своја кожа.

      -    Затоа потребно е заминување час поскоро на СДСМ и Зоран Заев. На Македонија и граѓаните им се потребни промени, а тоа е можно само доколку има предвремени парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт, велат ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа