СДСМ: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара

Очајот на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кулминира со панични соопштенија по нотите на Груевски. Ова денеска го велат од СДСМ.
 
- Мицкоски е ист како Груевски, ја одобрува и продолжува хајката кон невладините организации, што ВМРО-ДПМНЕ ја правеше додека беше на власт. Буквално ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога институциите на државата беа алатки за уцени, рекет и закани во рацете на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека борбата против криминалот и корупцијата е врвен приоритет и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува со вакви панични соопштенија.  За Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ правдата и одговорноста се непознати поими. Денес институциите постапуваат независно, професионално и неселективно во борбата против криминалот, велат тие.
 
Секој кој што го прекршил законот, без разлика на политичка или било каква припадност ќе сноси одговорност.
 
- Обидите да се прикрие криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и заштитат тајкуните нема да успеат. Република Северна Македонија е правна држава во која секој е еднаков пред законот, без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2019 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега