СДСМ: Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и ја злоупотребуваат трагедијата со пожарот во Велес

Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести и ја злоупотребуваат трагедијата со пожарот во Велес за политички поени, велат во реакција од СДСМ на прес конференцијата на Влатко Ѓорчев.

Од партијата велат дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по стапките на Христијан Мицкоски и Антонио Милошоски се наметнува како симбол на лажни вести.

„Покрај лажните вести, веќе вообичаено од ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат несреќи во обид да соберат ситни дневнополитички поени.

Лага е дека 5 часа се чекало и не се интервенирало, како што лажнo тврди Ѓорчев. Како што е и јавно познато сите расположливи капацитети биле активирани уште од првите моменти на избивањето на пожарот. Дополнително, се вклучија противпожарни едици од Скопје и од околните градови на Велес, како и припадници на Армијата, со цел навремено локализирање на пожарот и спречување на поголеми штети.

Лажните вести на Ѓорчев се навреда за пожарникарите, војниците, волонтерите кои 12 часа се бореа со пожарите.

Очигледно е дека во дворецот на ВМРО-ДПМНЕ немаат ниаква идеја, никаква програма во интерес на граѓаните и затоа продолжуваат да шират лажни вести и да злоупотребуваат несереќи во дневнополитички цели“ стои ви реакцијата на СДСМ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2019 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега