Мицкоски: Единствена цел на Дескоска е да се пресмета со неистомислениците

Мицкоски денеска се огласи за Законот за ЈО.

- Јас сум го кажал тоа во минатото, ќе го повторам дека не очекувам од Рената Дескоска ништо ново, освен она што е дел од нејзините прес конференции  и интервјуа кои што ги дава по медиумите, а тоа изразената желба за освета и омраза кон ВМРО-ДПМНЕ. Иако навистина не знам и се чудам на што се должи сето тоа, бидејќи како што знам нејзиното семејство долго време соработуваше со политичките елити од минатото кои што функционираа од владите предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Она со таа нејзина прес конференција наместо да искористи прилика да се извини на граѓаните на Република Македонија поради оние непримерни моменти прегрнувања и непосредности со познатото лице Боки тредичи да даде неотпвиклива оставка. Гледаме дека она не само што тоа не го направи туку напротив повикува и на омраза и освета кон опозицијата не водејќи сметка да направи реформи во правосудството не водејќи сметка да направи реформи во обвинителството нејзина единствена цел е како да се најде начин да се пресмета со политичките не истомисленици, вели тој.

Додава дека за жал како универзитетски професор и како педагог вчера испуштила уште една таква можност да се  претстави во вистинско светло пред граѓаните на Република Македонија односно да го стави приоритетот на реформите наместо личната омраза и освета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.08.2019 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега