Стоилковски: Судиите да се тргнат од канџите на Заев

Судиите мора да се оттргнат од канџите на Зоран Заев и да застанат на патот на теророт кој што се врши врз функционери од ВМРО-ДПМНЕ и врз службеничка од Министерството за транспорт и врски. Наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, за Димитар Димовски, Дејан Митески и Анета Јорданова, а до сега, по два месеца притвор, се уште тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени. Ова го вели денеска Наум Стоилковски.

         - Уште повеќе што со обвинението се опфатени 11 лица, за кои што има идентични решенија од судот, освен во делот за притвор, со што за другите е определена поблага мерка според законот. Дали Димовски, Митески и Јорданова кои што работат во министерството за транспорт и врски, се жртви на тортура заради бизнисот на вицепремиерот Кочо Анѓушев? Дали се изложени на тортура затоа што си ја работеле работата и побарале официјално мислење од државното правобранителство дали постојат пречки за непосредната спогодба за долготраен закуп на државно земјиште за фирмата „Тополки“ на Анѓушев? За ова информираа медиумите, дека неколку дена откако министерството побарало мислење за случајот „Тополки“, со документ потпишан од службеничката Јорданова, а изработен од Митески, тие завршуваат во притвор. Притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која што во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана. Судот кој што деновиве ќе носи одлука за ново продолжување или укинување на притворот за нив, мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на законот и доказите. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание врз докази и сведоци, ниту постои можност за нивно бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега