Јанушев: Јалови се обидите на Русковска да го заштити криминалот на СДСМ

Додека истрагата за аферата “Рекет” е на “status quo”, односно со непревземање на дејствија од страна на Русковска и ЈО истрагата “тапка во место” и единствено што гледаме се јаловите обиди да се заштитат Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Никола Димитров, судии, обвинители и сите останати од криминално-рекетарската банда на СДСМ, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Истовремено, се зголемуваат нападите и заканите кон новинарите, се бараат “кртови” … како уште еден јалов обид за дефокус од истрагата!

И, додека сето тоа се случува, по трет пат се продолжува притворот за членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Димитар Димовски и Претседателот на ОК Аеродром – Дејан Митевски. Ни криви, ни должни, нашите браќа добија 90 дена притвор само затоа што се ВМРО-ци! Единствената „грешка” што ја направија е таа … и тоа што си ја сакаат Република Македонија!

За споредба, во соседна Србија за наводниот криминал во РТС на тројцата осомничени им е одреден притвор од 48 часа, за да бидат сослушани од Обвинителството.

За да се урне еден систем, прво треба истиот да постои, а ние немаме никаков систем … ниту правен систем, ниту владеење на правото!

Русковска и ЈО биле должни барем да ги повикаат споменатите политичари на распит!

Одговорност ќе има, а денот за тоа е се поблиску!, пишува Јанушев на Фејсбук.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега