Велигденски средби на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во „Свети Пантелејмон“

 

Во манастирот „Свети Пантелејмон“ во непосредна блиизна на штипското село Брест денеска се одржаа 19-тите Велигденски средби на Македонците од Егејскиот дел на Македонија каде претседателот на Здружението „Македон“, Ташко Јованов истакна дека годинава по повод 100 години од Букрешкиот договор, со кој е направен голем геноцид и неправда врз Македонците, ќе има низа на манифестации со кои ќе се сврти вниманието на светските и европските организации.

- Во колку се реши проблемот со името меѓу Македонија и Грција, во тој случај за нас Македонците од Егејскиот дел на Македонија ќе имаме многу попозитивни резултати за враќање на државјанството и имотите. Затоа оваа година имаме доста манифестации и посетување на Егејскиот дел на Македонија и тоа помасовно од сите градови на Република Македонија да присуствуваме во своите родни краеви, каде што се нашите огништа за одбележување на големите празници, рече Јованов.

На средбата присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев кој истакна дека општината и понатаму ќе му помага на здружението „Македонски Егеј“ од Штип кое е активно и веќе 19 години ги одржува Велигденските средби на кои се среќаат Македонците од егејскиот дел на Македонија од сите градови во земјава.

најчитано сега