СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ диктираше случаи и одредуваше притвори

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штанцање на лажни вести, невистини и вештачки креирани случаи, во отсуство на вистински идеи и мерки. Ова го велат денеска од СДСМ.

 - Уште една голема лага во низата невистини е и поврзаноста на службените притворени лица од Министерството за транспорт и врски со барањето на мислење од Државното правобранителство за компанијата Тополки .  Притворените лица кои ги наведува ВМРО-ДПМНЕ се дел од друг судски случај и нема никаква врска со наведеното. Диктирање пресуди и монтирање случаи беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа време заврши , денес партиите не водат истраги, не одредуваат притвори. Денес законите важат за сите подеднакво, а институциите работат независно, професионално и во служба на законите, велат СДСМ.

 

 Ги поддржуваме надлежните институции да работат во интерес на правдата и сите отворени предмети, вклучително и конкретниот за кој лаже ВМРО-ДПМНЕ да бидат целосно расчистени.

- Секој за кој низ судска постапка ќе се докаже дека сторил кривично дело ќе одговара без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност, додава владејачката партија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа