ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години само ги злоупотребува РЕК Битола и ЕЛЕМ

СДСМ три години наместо инвестиции, преку РЕК Битола делеше тендери. Наместо за набавка на сопствена опрема и механизација милиони беа трошени на ангажирање на приватна механизација, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на пресот на Манчевски.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека три години РЕК Битола служи како место на вдомување на партиски активисти, исто како и ЕЛЕМ.

„Манчевски кога зборува за РЕК Битола треба да одговори дали камионите на фамилијата на Заев уште возат во РЕК Битола?

Манчевски како министер на МИОА треба да каже дали во ЕЛЕМ уште се штанцаат решенија за работа на партиски активисти?

СДСМ три години само ги злоупотребува РЕК Битола и ЕЛЕМ. Искористувањето на овие претпријатија мора да запре“ велат во реакција од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа