Мицкоски: Животот на Заев прерасна во пекол за земјоделците

Бев на средба со оризопроизводителите од Долни Подлог. Тврдат дека се брутално излажани од Владата, никаде ја нема помошта и субвенциите кои ги имаат ветено, цената која е формирана, и она што сега постои е под секоја економска логика. Им рекле да чекаат да се направи ребаланс. Помошта ја нема, а состојбата е алармантна, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук..

“Нема шанса да издржиме, земјоделието е пред пропаст, ние сме последните ентузијасти кои се занимаваат со земјоделие. Влеговме во долгови, а притисоци ни прават на секој чекор, ако се побуниме уште криминалци ќе не прогласат. Ако се во можност и душата ќе ни ја земат”, вели револтирано и со солзи во очите еден од земјоделците со кои разговарав. Оваа измамничка и криминална каста си поигрува со судбините на илјадници семејства. Тие не бараат милостина, туку она што го имаат заслужено и заработено, и она што Владата им го ветила. Животот на Заев прерасна во пекол за земјоделците и сите останати граѓани, овде е борбата за гола егзистемцика. Овде во Подлог само “блеска” сиромаштијата и маката на земјоделците и тоа мора да се смени. Промени кои ќе донесат обнова, кој ќе донесат достоинство и сигурност за земјоделците и секој еден човек. Ветувам дека ќе направиме се што е во наша моќ да влијаеме и работиме оваа катастрофа што сега народот ја живее да се промени! Напиша Мицкоски на Фејсбук

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега