Амди Бајрам: Подобро е кога мудро си молчам

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам, за „Фокус” кажа дека сфатил дека е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.

-Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.

Еве, сега одам на седница, функционирам како што треба, професионално. Но, ова се едни такви времиња, кога важи паролата:

– Во овие времиња не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш. И подобро ми е вака, малку повлечено кога си живеам и работам – ни изјави Бајрам. Покрај тоа што е активен на политичко поле уште од далечната 1994 година, кога за прв пат стана пратеник во Собранието, тој веќе 40 години е организатор на Ромскиот бал, кој секоја година се одржува во Скопје во присуство на гости од целиот свет. Годинава тој го преименуваше балот, и од Ромски стана Европски Ромски бал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.08.2019 - 22:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега