Циклонот Викторија доаѓа кон Македонија- носи врнежи, грмежи, ветер и град

Од утре па за време на викендот нашата територија ќе биде под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса која ќе биде во склоп со циклонот Викторија и ќе условува развој на нестабилна облачност и тоа особено во попладневните часови, соопшти метеорологот Славчо Поповски.

Истата ќе биде проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Најмногу нестабилност и врнежи ќе има во сабота и тоа во најголем дел од денот и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Максималните дневни температури на воздухот понатаму ќе се искачуваат во интервалот претежно од 24 до 33 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега