Димитров- Јан Коп: Очекуваме позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври

Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.

Во оваа прилика, Министерот информираше за преземените активности во последниот период во функција на обезбедување напредок во евро-интегративните процеси и актуелните домашни случувања. Во овој контекст, беше истакнато дека  очекуваме позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, при што холандската поддршка останува клучна за валоризација на постигнатото во изминатите две години во насока на продлабочување на европскиот пат на Северна Македонија.

Амбасадорот Јан Коп изрази задоволство од укажаната можност, лично да придонесе во зајакнување на македонско-холандското пријателство. Тој ја повтори поддршката на холандската Влада за натамошна имплементација на реформската агенда во нашата држава, како и нивните заложби, оваа година со почитување на  принципот ,,стриктно и фер”, Северна Македонија да ги реализира своите стратешки цели.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега