Трипуновски: Трет ден како ја повикуваме власта и ЈО за криминал тежок од 300.000 евра, а реакција досега нема

Трет ден како ја повикуваме власта и ЈО за криминал тежок од 300.000 евра, а реакција досега нема. Кој и зошто го штити Кире Неделковски, партиски функционер на  СДСМ и близок човек на Зоран  Заев, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски!?, прашува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали парите од криминалот завршиле на Илинденска или можеби со нив е финансирана кампањата на СДСМ!? Со недејствувањето на власта на Кире Неделковски му е овозможено во период од две години од Сојузот на тутунари на Република Македонија на своја лична сметка и на сметка на свои блиски луѓе да префрли скоро 300.000 евра. Почитувани ова е криминал којшто се гледа дури и од авион, потенцира Трипуновски.

Тој додава дека ова се документите коишто  го покажуваат тоа. Ова се изводите од банкарска сметка на Сојузот, од коишто јасно се гледа патот на парите.

-Иако имало сериозни одливи на пари од сметката на Сојузот на личната сметка на Неделковски, реакција од Управата за финансиско разузнавање и ЈО сеуште  нема. Недејствувањето на институциите индицира на тоа дека не е Неделковски тој што се  штити, туку очигледно некој друг којшто стои позади сето ова. Сојузот иако поднел кривична пријава уште на 18.10.2018 година, реакција од ЈО  нема, а Неделковски е на слобода. Пријателот на Заев, Спасовски и Николовски, Кире Неделковски, иако разрешуван од позицијата претседател на Сојузот, повторно е враќан на позицијата претседател и му е овозможено да го повтори делото и да направи криминал во континуитет. Ова се финансиските извештаи коишто се направени во Сојузот, од страна на Надзорниот одбор коишто го докажуваат криминалот којшто го има направено Кире Неделковски. Овие документи, доставени до нас од свиркач, заедно со кривичната пријава од партијата ќе ги поднесеме до ЈО. Оттука апелираме до ЈО да не се дрзнуваат да штитат криминал. Напротив одговорност за секое незаконие мора да има, како за извршителите, така и за нарачателите, вели Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега