Трипуноваки: Заев вети на лозарите, а денес гледаме дека лаже и манипулира

Денеска сум овдека на протестот кој што го организира здружението  на лозари и овоштари од Тиквешкиот регион на нивна поддршка бидејќи си ги бараат правата кои што ги заслужуваат, рече денеска Цветан Трипуновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на ротест на лозарите.

„Само за потсетување, Зоран Заев од ова место пред три ипол години ветуваше дека ќе има сигурен пласман, поголеми и високи откупни цени и загарантиран пласман за сите земјоделски производи. Гледаме дека овие три години Зоран Заев само лаже и манипулира со трудот и маката на македонскиот земјоделец.

Денеска овдека без срам и перде и чист образ, се појавува министерот да ги убедува земјоделците, оној министер и претходен министер Николовски кој што три години ги манипулираат и секојдневно им вршат притисоци на земјоделците затоа што си ги бараат своите права.

Ветуваа пласман, нема ништо од тоа. Ветуваа сигурни и повисоки откупни цени, нема ништо од тоа. Денеска сме овдека на овој протест да дадеме поддршка  на македонскиот земјоделец, на земјоделецот којшто ја храни Македонија, а не на криминалната влада на Зоран Заев кои работат само за сопствени интереси“ рече Трипуновски.

Тој нагласи дека секојдневно гледаме на пропустите коишто ги прави оваа влада, поготово во секторот земјоделие.

„Јас ќе останам овдека до последно со македонските земјоделци затоа што тие се столбот на македонската економија и државност и нема да попуштиме, си го бараме она што го ветуваа.

Зоран Заев ветуваше брда и планини, нема ништо сега. Сега уживаат во климатизирани канцеларии, а денеска ги нема тука нигде.

Новинарско прашање: Разговаравте тет а тет со министерот и тој вели дека едноставно не му е јасно кои барања ги имаат земјоделците?

Одговор:  Јас му упаднав на министерот се со цел да го испровоцирам да прифати тв дебата. Ако се толку силни во аргументите, ако се толку убедени дека цвета македонското земјоделие, ако се толку убедени дека Македонија галопира кон Европската Унија, ајде да излеземе на една тв дебата. Да ги соочиме аргументите, нека знае целата македонска јавност со кого и со што и како манипулираат со македонското земјоделие. Се надевам дека министерот нема само во проформа да каже дека ќе излезе, очекувам во наредните денови да одреди место, телевизиска куќа и локација каде што сака да се соочиме, нека знаат граѓаните. Меѓутоа министерот не треба да биде глув на барањата на земјоделците нека излезе на терен нека ги праша лично нив како живеат, нека ги праша дека на крајот од годинава ниту еден лозар нема да биде среќен, затоа што лозарите не го продаваат својот труд, туку го предаваат од што мораат и немаат каде да го продадат“ додаде Трипуновски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2019 - 20:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега