Шутаров: Мицкоски да не молчи, туку да каже за Орце
Христијан Мицкоски со денови молчи и не одговора на јавно поставеното прашање, кажа Гордан Шутаров од СДСМ, на денешната прес-конференција.
„Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев, ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ? Со денови молк во белиот дворец зад мене. Не одговара ниту генералниот секретар Игор Јанушев, кој беше шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Што кријат Мицкоски, Јанушев и ВМРО ДПМНЕ? Дали нивната поврзаност со Орце Камчев или нивната улога во слулајот познат во јавноста како Рекет Дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори се регистрирани и нотирани во Финансискиот извештај за претседателските избори? Јавноста очекува одговори“, кажа Шутаров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа