СДСМ: Очигледен е стравот од неуспех кај ВМРО-ДПМНЕ од предвремени брзи избори

Најцрните страници од македонската историја се напишани токму од ВМРО-ДПМНЕ, велат преку соопштение од СДСМ.

 „Нивното 11 годишно владеење, остави огромни последици и врз  државата и врз граѓаните.

Изолирана држава скарана со соседите ,економија во пад, осиромашување на граѓаните, а друга страна  грабање од граѓаните и лично богатење .

Тоа е сликата која ја остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе.

За само две години СДСМ преку политиките кои ги води, реши повеќедецениски спор, гради пријателски односи со сите соседи, економијата не само што ја стабилизира туку и таа денес е во раст, со бројни мерки го подигна животниот стандард и го врати достоинството на граѓаните.

Граѓаните ги препознаа заложбите на СДСМ, затоа и тогаш и дадоа силна подршка и тоа ќе го направат повторно.

Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори.

Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните.

Нашата држава тргна напред и ќе продолжи кон патот на евроинтеграцијата , затоа што тоа е местото кое го заслужува. Тоа е иднината која и претстои“ наведуваат во соопштението СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега