Мицкоски вечерва на средба со колаициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во седиштето на партијата одржува средба со коалициските партнери.

Состанокот следи по лидерската средба што синоќа се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски поради негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел. На состанокот беше постигната согласност дека нема друга алтернатива за земјата освен евроинтеграцијата и се закажани предвремени парламентарни избори на 12 април.

По средбата се очекува Мицкоски да даде изјава за медиумите. 

Опозицијата сѐ уште не ги утврдила имињата на луѓето кои ќе станат дел од техничката влада, која според Пржинскиот договор, би требало да се формира на 3. јануари, односно сто дена пред изборите и по претходна оставка на премиерот Зоран Заев. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев вели дека опозицијата има простор уште два месеца за персоналните решенија.

„Коалицијата е важен дел од политичкото делување на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе имаме средба со нашите коалициони партнери и покасно денеска ќе следи изјава како заклучок од тој состанок. Мислам дека е прерано да се говори за какви било кадровски решенија“, рече Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега