Мицкоски: Заев сака власт за да може да краде

Во вечерашното гостување во емисијата „КланДебата“, претседателот Христијан Мицкоски рече дека оваа влада не го реши проблемот со нашиот јужен сосед и со нашиот источен сосед.

– Зоран Заев потпишуваше договори какви што потпишуваше со една цел, а тоа е да може да дојде до позицијата каде сега се наоѓа, да ужива привилегии тој и неговите блиски, за да може да се спаси од кривична одговорност поради случајот „Поткуп“ и видиме дека судството во Македон ија се покажа како слуги на власта и да може да се протне законот за јавни набавки односно да се укине она тело което порано функционираше и беше наречен Совет на јавни набавки за да можат тендерите во четири очи да врват, потенцирше Мицкоски.

Тој во своето гостување додаде дека на сметка на иднината на граѓаните и на сметка на иднината на Македонија ние имаме личен проблем којшто си го реши Зоран Заев, а е поврзан со случајот „Поткуп“ и вториот случај е кога имаме енормно богатење и зголемување на богатењто на семејството Заеви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега