Заев: Јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам

Во вторник, на 29 октомври, во 13:30 часот, премиерот Зоран Заев заминува во Рим на средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте, кој веќе најави напори да го врати прашањето за европроширувањето на дневен ред веќе на Советот за општи работи (ГАК) во ноември. Токму тоа ќе биде темата на средбата, открива премиерот Заев во првото интервју откако Македонија практично доби црвено светло за започнување на преговорите, дадено за „360степени“, 

Сепак, од она што може да се види од кратката најава, прашан за очекувањата од оваа италијанска иницијатива, Заев одговара со доза на резервираност:

„Значи, сеа јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам, нели бев најголемиот оптимист… Ние да си работиме, а они дај боже побрзо да одлучат да ги отворат поглавјата за нас. Односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, вели Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега