Михајловски за Заев: Летна, готов е

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ кажа дека нему му приоѓаат граѓани од сите етнички заедници да го прегрнат и да покажат љубов кон него.

-Сите граѓани од сите етнички заедници покажуваат отвоерена љубов кон мене. Не знам дали е мојот пристап таков, дали е мојот наратив таков, дали ликот ми е таков, не знам зошто. Мицкоски веројатно не го препознава Таравари, Може тоа Таравари и тимот околу него да го гушка, за да го гушкаат Албанците, дај боже да го дочека тоа, треба да се покаже, да го постави својот наратив така и да се растовари од филозофијата на неговиот шеф „чиста македонија“, „Македонија на Македонците“. Од секогаш сме биле мултиетничка земја и така ќе останеме. Додека тоаа не го промени, моѓе да го користат неговите политички партнери на ниво на Гостивар. Веројатно не можел да го познае, или бил Таравари или неговиот шеф на Кабинет или некој од неговиот тим, рече Заев.

Тони Михајловски го објави видеото со оваа изјава на премиерот на својот Фејсбук профил и во опис напиша: „Летна, готов е“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега