Шукова: Борбата против аерозагадувањето е на прав пат, СДСМ се грижи за граѓаните и животната средина

 
СДСМ како одговорна партија продолжува вистински да се грижи за граѓаните, кажа на денешната прес-конференција Каја Шукова, претседателка на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.
 
„Како што ветивме, приоритет на Владата на Северна Република Македонија е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните  преку намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
 
Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.
 
Официјални информации ги потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ да го решава проблемот со загадениот воздух.
 
Во 2019 година реализирани се Јавни повици за:
 
• Замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти,во вредност од 64.000.000 ден
 
• Во 16 општини се подржаа проекти за енергетската ефикасност, во вредност од 26.000.000 денари
 
• Во 8 општини, вклучително и Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило во висина од 11.500.000 денари
 
• Пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во РМ за 34 објекти и 2.500.000 ден
 
• Филтри во малите и средни претпријатија, дрвна индустрија, полошки регион во вредност од 2.500.000 ден
 
Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди континуитет и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот.
 
СДСМ останува посветен да обезбеди квалитетна и здрава животна средина, да обезбеди услови за подобар живот на сите граѓани.
 
Како одговорна партија креираме и имплементираме политики и мерки кои го подобруваат системот на функционирање, борбата против аерозагадувањето продолжува, тоа е доказ дека сме на прав пат!“, кажа Шукова.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа