ВМРО-ДПМНЕ: Парите место кај граѓаните завршија во Луј Витон ташни

Граѓаните се иселуваат, немаат пари и не знаат што да прават, затоа што парите наместо кај граѓаните завршија кај криминалците во Луј Витон ташни. Ова го велат денеска од опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ.

- Наместо за граѓаните СДСМ работи за криминалците. СДСМ ги манипулира граѓаните. Наместо празни бројки соопштени од прес конференција, власта треба да ја погледне реалноста, а таа не е розева како што СДСМ тоа сака да го претстави. Доколку економијата беше на прав пат, немаше полни автобуси со млади луѓе секојдневно да ја напуштаат Македонија. Економијата е на стаклени нозе. Прометот во индустријата е паднат за 6.6%, а бројот на работници во истата е намален за 2.5%. Земјоделието е разнишено. Земјоделците во скинати патики одат за да запечалат некој денар, а ветениот откуп и високи цени никаде ги нема. Кога си ги бараат правата министерот им доаѓа во брендирана гардероба и наместо решенија на нивните проблеми се расправа со нив, велат тие.

Болниците се во лоша состојба. Студентите живеат во руинирани услови. Фирмите работат под притисок. Граѓаните се шиканирани од власта.

- СДСМ си заминува и Заев и Костадинов тоа го знаат. Попусти се сите бледи прес конференции на исплашените ликови, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата следеше по прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ дека за две години СДСМ ја зголемиле просечната плата за 2.300 денари повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 7 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега