Царовска: Ние сме на прав пат и ќе победиме на 12 април

Ние сме на прав пат што води до победа на 12 април за СДСМ, истакна потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва пред присутните на Трибината „На прав пат„ во Тетово.
 
Гледаме овие денови што се случува. Ние велиме ајде на брзи избори, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бегаат. Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат, знаат дека ги следи нов пораз. Затоа што граѓаните не сакаат враќање назад, изолација, обнова на криминал и режим,истакна Царовска, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ 2 години се грижеа како да наштетат и да одмогнат во секоја реформа што сакаме да ја постигнеме.
 
Веруваме дека вие ќе го изберете на вистинскиот пат, и нема да дозволите да се врати на криминал и режим, кој ние го срушивме со пенкало и со пенкало ќе го одржиме, потенцираше потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, вечерва пред присутните на Трибината „На прав пат„ во Тетово.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега