ВМРО-ДПМНЕ: На сите им е одвратно додека Заев се колне и лаже

Заев е срам за Македонија. Не постои граѓанин кој не се чувствува непријатно кога го гледа Зоран Заев како лаже, ја потценува и манипулира јавноста. Ова го велат ВМРО-ДПМНЕ вечерва.

 

     -     Не постои чесен човек кому не му е одвратно кога го слуша Заев како се колне додека ја разграбува државата и бесрамно се богати заедно со своите блиски и своите соработници. Додека Заев манипулира со граѓаните фирмите на Заеви вртат 56 милиони евра годишно. Додека Заев лаже, тој го менува законот за да можат фирмите за производство на масло од канабис на кланот Заеви да остваруваат вртоглави профити. Заев ги лаже граѓаните за да продолжи со неговиот криминален начин на владеење, за да можат камионите на кланот да работат за РЕК Битола и на патните правци низ државата и да земаат државни пари додека фирмите на граѓаните пропаѓаат, велат тие.

 

          Заев е прочитана книга. Никој повеќе не му верува. Граѓаните знаат дека зад лагите се крие само желбата за личен профит на кланот и луѓето околу нив.

       -   Заев знае дека заминува во опозиција и затоа е во паника. Заев знае дека повеќе нема да може на криминален начин да го билда своето конто. Доаѓа време за обнова на Македонија, додаваат од опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2019 - 22:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега