„Достоинство“ ја раскинува коалицијата со СДСМ

Денеска претседателот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов, ќе обелодени дека го раскинува партнерството со Сојузот на иднината.

Порталот 24 вести пренесува дека оваа одлука за раскинување на партнерството била донесена уште пред една недела, но сега ќе биде официјално обелоденета.

Како главна причина се наведува тоа дека Ангелов имал дијаметрално спротивни ставови од лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев.

13.10.2013 - 10:39
Фото: 
Таратур