Мисајловски: Не е крива Франција, крива е власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски вечерва во 24 анализа на телевизија 24 дебатираше со Мухамед Зекири од СДСМ. Мисајловски рече дека Франција ни е пријател и не е крива Франција за недобивањето на датум за преговори со Европската Унија.

„Не е крива Франција. Крив е можеби францускиот Луј Витон и постапките на власта со Рекет, можеби е крива онаа куфер политика, можеби е се она што го вети власта, а не го исполни. Можеби многу реформи што ги вети власта, а се само на хартија.
Тој потенцираше дека и самиот амбасадор Тимоние изјавил дека многу работи се на хартија, а нема имплементација. Мисајловски рече дека не само Франција, туку и другите земји давале многу забелешки.“

-Не може да бараме кривец во другите земји. Наместо да гледаме кој што кажал, ајде да се фатиме за работа. Ние сме како опозиција тука да помогнеме се што треба, но се разбира без интриги. Вие минатата година рековте дека сме добиле датум, годинава немаме датум. Зошто не почнеме со работа во институциите и да го работиме секое поглавје да го работиме?

Тој му порача на Мухамед Зекири и на СДСМ дека е време да престанат со обвинување на опозицијата во време кога се на власт и имаат шанса да работат. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ бил и ќе биде против штетниот договор со Грција, но за сите неуспеси на државата, проблемот го гледа во Владата, како што тој кажа, власта на СДСМ не ја бива.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега