СДСМ: Намалени се цените на услугите од Катастар, ги намалуваме трошоцит

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува да креира и имплементира мерки и политики кои носат придобивки за граѓаните. Ова го велат СДСМ денеска.

- Се професионализираат инситуциите и услугите, се намалуваат трошоците на граѓаните, на прав пат сме! Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот. Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите. Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти. Надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, е намален во просек за 90%. При запишување на недвижности во Катастарот, цените се намалени во просек за 51%. Надоместок за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информа-ционен систем е намален во просек за 28%, велат СДСМ.

-За запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти, предбележувањето и уписот на згради и други објекти надоместокот е намален за 20 отсто. Намален е и надоместокот за промена на култура за 38%, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции. Извршено е намалување од 90 проценти за објектите со волуменска зафатнина со што  се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари. Таму надоместокот беше 10 денари, а сега е еден денар за м3. За 28 отсто се намалени услугите што ги нуди Катастарот за издавање  податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови Укината е двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена, велат од СДСМ.

Преку конкретни мерки се намалуваат трошоците на граѓаните и се повеќе пари завршуваат во нивните семејни буџети.

 

СДСМ останува посветен да ги исполнува дадените ветувања и да обезбеди подобар живот за сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега