ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да каже дали и какви подароци добивала од Боки 13

Радмила Шеќеринска треба да одговори дали и какви подароци добивала од обвинетиот Борјан Јовановски во случајот „Рекет“. Дали знае каде завршила Луј Витон торбата и парите во неа ? Дали знае каде завршувале скапите брошеви и други подароци кои ги купувал Боки 13? Зошто молчела за нелегалните активности на неговата невладина организација? Никој не верува дека со Боки 13 бил во толкава љубов што морале постојано да вечераат заедно и да гледаат фудбал. Ова прашуваат вечлерва од ВМРО-ДПМНЕ.

- Радмила Шекеринска е синоним за бомбона бизнис и најкриминалниот процес на транзиција во историјата на Република Македонија. Таа лажно вработуваше „по еден член од секое семејство“. Шеќеринска самата на себе си исплаќаше кирии. Не постои афера зад која не се крие името на Радмила Шекеринска и веројатно тоа е причината зошто нејзиниот ментор Зоран Заев ја пушта низ вода нудејќи ја по телевизии да лаже и да води валкани кампањи. Само негативните кампањи, лагите и клеветите и доликуваат на Радмила Шекеринска, која го доживеа најголемиот изборен пораз во историјата.Радмила Шекеринска заедно со нејзиниот ментор Зоран Заев, повторно ја опустоши Македонија, велат тие.

Добро е што паниката и видливата избезуменост на Шекеринска говорат повеќе од нејзините празни зборови. Се ближи крајот на нејзината катастрофална политичка кариера. На 12 април граѓаните конечно ќе се ослободат и спасат од неа. Време е за обнова на Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.10.2019 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега