СДСМ: По цели 11 години сега вистински се грижиме за земјоделците

СДСМ како одговорна и домаќинска партија продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.Ова го велат денеска од партијата на Власт.

- Заложбите во земјоделството преку реализација на бројни мерки во овој сектор, покажуваат и докажуваат дека сме на вистинскиот, на правиот пат. Како дел од тие мерки е и воведувањето на нова дополнителна субвенција за предадено јагне во износ од 400 денари по грло за 2019 година. Вчера кон млекопроизводителите беа исплатени 153,4 милиони денари субвенции за предадено млеко, а претходно се исплатија субвенции и за оризова арпа. На сметките на 1.130 оризопроизводители легнаа 41,4 милиони денари за дополнителната субвенција од 5 денари за предадена оризова арпа, а со тоа се исполни ветениот  откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година. Во следниот период ќе бидат исплатени и останатите обврски кон земјоделците. За таа намена, согласно  ребалансот на буџетот, обезбедени се  нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за различни производи. Вкупниот буџет за субвенции годинава достигна околу 7 милијарди денари само од Програмата за директни плаќања, велат СДСМ.
 
 
По цели 11 години, денес субвенциите се исплаќаат неселективно и навремено, го враќаме достоинството на земјоделците, се повеќе пари завршуваатво нивниот буџет и градиме конкурентно земјоделство.
 
 
- Грижата за земјоделците е приоритет на Владата предводена од СДСМ, резултатите потврдуваат дека земјоделството денес е на вистинскиот пат, додаваат од владејачката партија.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.10.2019 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега