Касами подготвен да коалицира со опозицијата

Лидерот на Движење Беса, Билал Касами, во емисијата 10 минути рече дека е подготвен да коалицира со Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Според Касами, причината е тоа што опозициските партии се поблиски.

„Ние би сакале предизборна коалиција за да биде сигурен опозицискиот глас дека конечно ќе дојде до промена во Северна Македонија, но сигурно доколку немаа таква соработка и по изборите би сакале некаква соработка со Алијанса за Албанците бидејќи ние сега сме со поблиски ставови како опозициски партии“, кажа Касами за ТВ21.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега