Шекеринска: Отворивме 50 илјади нови работни места а платите ги зголемивме

Отворивме нови 50 илјади нови работни места, невработеноста е на најниско историско ниво од 17.5 отсто рече заменик претседателката Шекеринска на граѓанската трибина „На прав пат“ во Берово.
-Но, не се само работните места. Ги покачивме и платите. Минималната плата порасна неколку пати, вкупно за 5.500 денари. Тоа е зголемување од над 60%. Ќе продолжиме и понатаму затоа што трудот на работниците мора да се цени. Затоа, очекувам наредната година ново покачување на минималната плата, рече Шекеринска.
Заменик претседателката на СДСМ пред беровчани додаде дека единствени против покачувањето на минималната плата се ВМРО-ДПМНЕ, но концептот на СДСМ за враќање на парите кај граѓаните дава одлични резултати и ќе продолжиме по вистинскиот пат.
-Единствени кои беа против покачувањето на платите беа ВМРО-ДПМНЕ. Ние покажавме дека може, дека не треба да се даваат пари за споменици и жални врби туку за граѓаните. Покрај минималната плата ќе го имаме и на пакетот дополнителни реформи со кои ќе покажеме дека растат и на пензиите. Просечната плата дополнително порасна за 2 илјади денари и тој тренд ќе продолжи, рече Шекеринска.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 21:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега