Шекеринска: Да продолжиме по прав пат, нема да дозволиме враќање во ќорсокакот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ

 11 години нашата држава беше изолирана, осиромашена, без извесна европска иднина поради недомаќинското и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е минато. Тргнавме по прав пат, пат кој значи реформи кои носат вистински придобивки за граѓаните, за земјоделците, посочи Шекеринска на граѓанската трибина во Берово.
Додека ВМРО-ДПМНЕ организира наводни протести на земјоделци на кои присуствуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ, ние исплативме 314 милиони евра за поддршка на земјоделците, а се исплатија и заостанатите долгови кои ВМРО-ДПМНЕ ги остави за субвенции од 2014, 2015 и 2016 година. 
-Исплативме и дополнителна субвенција за млекото. Нашите реформи се на прав пат затоа граѓаните ќе и кажат големо НЕ на деструктивната опозција. На 12 април ве повикувам да продолжиме на прав пат, нема да дозволиме враќање во темните сокаци и ќорсокакот кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ, рече заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска пред огромниот број присутни граѓани на трибината „На прав пат“ во Берово.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега