Китанов: Нема пат во Малешевијата, кој не е рехабилитиран во последните 2 години

Во Малешевијата во последните две години се рехабилитирани 43 километри патишта, односно нема пат што не е рехабилитриан, истакна вечерва на трибината на СДСМ „На прав пат“ во Берово членот на ЦО на СДСМ Зорна Китанов.

Тој наведе дека кога ја презел функцијата во јавното претпријатие за државни патишта, младиот пат бил стар 35 години, а повеќето биле изградени уште за времето на СФРЈ.

Владата на бегалецот Никола Груевски во периодот 2007 – 2016 рехабилитираше 650 километри регионални и магистрални патишта, а владата на СДСМ за година и три месеци изврши рехабилитација на 500 километри патишта во цела држава, нагласи Китанов, додавајќи дека во тек е рехабилитација на 12 мостотви, а по 30 години за прв пат се градат 4 моста.

Тој најави дека во ноември се рапишуваат тендери за нови 19 патишта, со должина од  343 километри.

Не постои град каде не се работи минимум еден пат, мост, свлечиште, нагласи Китанов, додавајќи дека меѓудругото е завршен патот Свети Николе – Куманово, се работи на обиколница на Кочани, патот Кочани-Пониква е рехабилитиран

Тој се огласи на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека оставиле готови патишта и истакна дека тие во 2016 година оставиле 53% заврешни од патот Миладиновци-Штип, а СДСМ за година и три месеци заврши 47 насто од патот.

ВМРО-ДПМНЕ наплатуваше кило железо за патот Кичево – Охрид по цена од 6,5 евра за килограм, а пазарната цена е најмногу 1,5 евра за килограм, нагласи Китанов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2019 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега