Заев го „пакува“ и Љубчо Георгиевски?

Сите десничарски партии до стартот на кампањата за претседателските и евенутално предвремените парламентарни избори треба да си заминат од Сојузот за иднината. Извори на Press24 од Бихаќка брифираат дека лидерот на СДСМ Зоран Заев веднаш по стапувањето на функцијата, јасно им ставил дознаење на коалиционите партнери од десницата дека е време секој да тргне по својот пат. Заев објаснил дека партијата ќе се насочи кон левичарските вредности и дека во новиот концепт на СДСМ, нема место за партии од десницата.
Договорот бил разидувањето меѓу коалиционите партнери да сукцесивно за да помине мирно, без многу врева во јавноста. Во таа насока помина и раскинувањето на коалицијата со Стојанче Англов, чија партија веќе најави самостоен настап на следните избори.
Набрзо се очекува крај на соработката да најави и ВМРО Народна, а Обединети за Македонија практично и не функционираат како партија бидејќи голем дел од раководството веќе е пасивизирано или направило трансфер во некоја друга партија. 
Оттука и големата загриженост во опозициските редови околу случувањата во општина Центар. Имено, доколку Шиповиќ биде осуден во судскиот процес Претседавач, согласно Законот за локална самоуправа, на негово место доаѓа следниот советник од листата на Сојузот за иднината, кој пак е од редовите на ВМРО Народна. Ова е добра прилика за Љубчо Георгиевски да направи политички пазар и да се ибори, неговата партија да остане во коализијцата и да добие голем број пратенички места.

13.10.2013 - 22:23

најчитано сега