Диви: Немам зборови за Комити тие се неверојатни

Вардаровиот голман, Петар Ангелов вечерва против ПСЖ имаше меч кој долго ќе го памети. ПОпуларниот Диви кој оваа сезона во Вардар дојде од лутиот ривал Металург по мечот изјави дека навивачите на Вардар, Комитите завршиле одлична работа на трибините.

ПСЖ е голема екипа и светски гигант, тоа сите го знаат, а сите знаат и кои сме ние. Влеговме во овој дуел без никаков императив и без никаков респект кон противникот. Игравме без преголем товар, во првиот дел бевме солидни, се до оној благ пад кога противникот се стекна со солидна предност, но во вториот, бодрени од оваа неверојатна публика, успеавме да застанеме на нозе и комплетно да се вратиме во натпреварот. Немам зборови, "Комити" се неверојатни. Не бодреа и кога водевме и кога губевме, и кога игравме добро, но и кога правевме грешки. Се надевам дека ќе продолжат да не бодрат со сличен ритам и на следните натпревари

13.10.2013 - 22:58

најчитано сега