Влошена здравствената состојба на Јованка Броз

Јованка Броз, вдовицата на Јосип Броз Тито, кога од пред еден месец се наоѓа во болница, е во критична состојба, дознава Блиц.

Според информациите на Блиц, најблиските роднини и пријатели на Јованка кои секојдневно ја посетуваат во болницата, велат дека деновиве нејзината здравствена состојба повторно многу се влошила.

- Моментално лежи без свест и приклучена на апарати, вели извор за порталот.

Инаку, Јованка во болница беше примена на 23 минатиот месец и по интервенцијата на докторите состојбата и се подобри, но сега повторно се влошила.

14.10.2013 - 09:41

најчитано сега