Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски покажаа дека се против поголема минимална плата

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата. Се покажа уште еднаш вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, тие се против поголема минимална плата, обвини Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа во Собрание, се пријавија како присутни, а потоа ја напуштија пленарната седница на која на дневен ред беа Законот за минимална плата и Законот за субвенционирање на придонесите. Тоа е обновата на режимот која опозицијата ја нуди. Тие се против минималната плата, ВМРО ДПМНЕ е против тоа парите да завршуваат назад кај граѓаните, ВМРО-ДППМНЕ се против секоја мерка што е во интерес на граѓаните“ кажа Костадинов и додаде:

„Додека ВМРО-ДПМНЕ е заробена во груевистичката матрица и е симбол за криминал и расипништво, СДСМ секојдневно носи конкретни мерки за повеќе пари да завршуваат назад во семејните буџети на граѓаните. Со измените на Законот за минимална плата, минималната плата повторно ја зголемуваме, овој пат на историски највисоки 14.500 денари. Тоа значи дека годишно дополнителни над 60.000 денари ќе завршат кај околу 90.000 работници кои добиваат минимална плата. Со Законот за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување ќе се субвенционираат придонесите за оние  компании кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 6.000 денари. Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните, нуди обнова на режимот и осиромашување на граѓаните, ние обезбедуваме раст на платите и работиме за интересите на граѓаните“, кажа Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега