ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само на хартија ја зголеми минималната плата

СДСМ вештачки и само на хартија ја зголемува минималната плата, а од тоа граѓаните немаат никаков бенефит, реагира опозициската партија на обвинувањата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, дека ВМРО-ДПМНЕ не гласале за зголемување на Законот за минимална плата.

„Работниците кои треба да земаат минимална плата, враќаат дел од парите на газдите на рака, а власта за тоа не интервенира.

Дека власта е лицемерна кога зборува за повисока плата е примерот со платите кои ги давала Нина Ангеловска во својата фирма „Групер“. Ако Заев и Анѓушев беа за повисоки плати со сопствен пример во нивните фирми ќе исплаќаа високи плати. Најголем мотив за фирмите да даваат поголеми плати ќе биде доколку премиерот и вицепремиерот ги објават јавно платите кои ги исплаќаат нивните и фирмите на нивните семејства“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Економијата треба вистински да тргне напред, а, велат од партијата, со СДСМ тоа не е можно.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.11.2019 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега