Лазаров во најдобрите седум од 3-тото кола на Лигата на шампиони

Кире Лазаров е избран за најдобар десен бек во тимот на 3-тото коло во Лигата на шампионите. Тој во дуелот против македонскиот вицепрвак Металург одигран во саботата во Барселона, во рамките на групата Ц, постигна 9 голови и беше најпрецизен во составот на победничката екипа.

Во ова коло меѓу седумте најдобри нема ниту еден ракометар од двата македонски претставници во ова натпреварување.

голман - Арпад Штербик (Барселона),

лево крило - Уве Геншајмер (Неикар Ловен),

лев бек - Ласе Бредјенар Андерсен (Колдинг),

среден бек - Петар Ненадиќ (Висла),

десен бек - Кире Лазаров (Барселона),

десно крило - Марко Шоштариќ (Горење) и

 

пивот - Ренато Сулиќ (Веспрем).

14.10.2013 - 15:49

најчитано сега