Села: Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во своето гостување во емисијата “Pressing“ на косовската телевизија „Т7“, изјави дека за албанците ДУИ била полоша од македонските партии.

Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ– изјави Села.

Меѓу другото, Села кажа дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција. Села, исто така, рече дека поседува информации за функционери на ДУИ кои имаат приватни имоти во Драч, Албанија.

Според него овие имоти се стекнати на сомнителни начини и бара од албанската држава да ги истражи овие наоди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 23:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега