Хакери го нападнаа министерството за надворешни во Грција

 Министерството за надворешни работи на Грција било нападнато од хакери во интернитот систем за електронска пошта.

„Групата активисти ’Анонимни’ на интернет објави дека извршила успешен упад во директориумот за електронска пошта на Министерството.

Станува збор за околу 3.700 документи помеѓу кои и доверлив материјал. Дел од наводно хакираниот материјал бил објавен и на интернет страницата за споделување на датотеки „Имгур“.

 Меѓу објавените документи имало медиумски критики за грчкото МНР од Романија и Албанија, извештај за безбедност на грчката разузнавачка служба, документ на Советот на ЕУ за односите со Косово и извештај на Советот на Европа за перење пари во Албанија.

Грчката полиција  ја спроведува истрагата за да ја утврди настанатат штета.

15.10.2013 - 09:27

најчитано сега