Груби: Законот за јазиците се имплементира, се тече како „мед и млеко“

На прашањето дали ДУИ би дали прифатиле да се расправа околу можните законски измени во Собрание, за законот за употреба на јазиците, пратеникот Артан Груби рече дека за овој закон се расправа најмногу, веќе 17 години и не се се видело ништо лошо од едногодишото имплементирањето на двојазичноста во државата.

„Се надевам сите македонски политички партии ќе ни помогнат заедно да ги градиме капацитетите за да ги спроведеме препораките на Венецијанската комисија бидејќи тоа се препораки, а не барања за промена на законот. Тие велат, ако вие ги градите капацитетите, повелете и направете го. Цениме дека ние можеме да ги изградиме тие капацитети. Г. Талат Џафери води седници на албански јазик и не доцнел ниту една минута на седниците, во владата се зборува албански, во секоја друга институција се зборува албански, се функционира „мед и млеко“ и непречено. Затоа, не гледам проблем освен политички судири помеѓу страните околу овој закон. Не гледам ниту еден пратеник Албанец во Собранието на Република С. Македонија кој би гласал за такви амандмани. Можеби можат да гласат членови како Мухамет Зеќири или Ѓулумсере од СДСМ, но друг пратеник Албанец не верувам дека може да гласа“, рече Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2019 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега