Тошевски: Ги охрабрувам сите да кажат за Рекетот што им го вршат премиерот Заев и брат му Вице Заев

Мене бизнисменот Азманов ми кажуваше дека има притисоци од власта и од финансова полиција. Врз него имаше хајка од цела власт, од бизнисмени. Сакам да се охрабри и да зборува, па тој пие хелекс, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа, обраќајќи му се на бизнисменот Зоран Азманов на која Тошевски зборуваше за аферата Братски рекет.

Тошевски говореше за лагите на премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев кои манипулирале со него дека ќе му најдат странски инвеститор за просторот во близина на Универзитетот ФОН. Како што вели зад тоа се појавил бизнисменот Азманов.

-Факт е дека бев цел на рекет и прв проговорив за рекетот што го прават Катица Јанева, Бојан Јовановски. Се сеќавате имаше најава за емисијата Инсајдер на телевизија 1. Бев наречен дека сум главен на градежната мафија. Јас со власта никогаш не сум работел, сум немал бизнис со никого од било која власт. Точно ми правеа рекет луѓе меѓу кои и Боки 13, рече Азманов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега