Тошевски: Заев ниту ми го вратил просторот, ниту ми плаќале данок за деловниот простор каде е сместена ОО на СДСМ во Аеродром

Премиерот го познавам пред Шарената револуција и бевме многу блиски. Но да објаснам за деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Од 14 ноември до 13 декември ме манипулира со деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Тој објект е сопственост на мојот син, објектот беше под хипотека и со пари од Азманов го префрлов на име на син ми. Или деловниот простор кој го користи СДСМ не ми е вратен, вели бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа.

Според Тошевски тоа што го прави Заев е ненормално.

-Заев ми праќа негови блиски, луѓе од СДСМ и ми велат да направиме некаков договор. Но, тој мене не ми ни плаќал за деловниот простор каде е сместена општинската организација на СДСМ , рече Тошевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега