Кацарска: Не јас, туку државата треба да се чувствува поразена за бегството на Груевски

Во интервју за „360 Степени“ судијката Добрила Кацарска одговараше на прашање дали се чувстува поразено кога гледа примери како за случајот „Тенк“ каде нејзината пресуда беше потврдена и од Апелација, но осудедениот екс-премиер Никола Груевски избега и не е во затвор, а осудената екс-министерка Гордана Јанкулоска исто така наоѓа начини како да го одолговлекува одењето во затвор.

„Нема зошто јас да се чувствувам поразена. Според моите надлежности, јас треба да судам и да донесам пресуда и откако таа пресуда станува правосилна моите надлежности тука завршуваат. Можеби државата тука треба да се чувствува поразена. А од друга страна, можеби е малку и чудно што од страна на Врховниот суд се донесе таква одлука за Јанкулоска, во смисла дека нема да почне со издржување на казната затвор се додека не одлучат по вонредниот правен лек. Се работи за правосилна пресуда и тука се гледа разочарувањето кај народот. Не може да имаме двојна правда, двојни аршини. Сите граѓани на Република Северна Македонија сме подеднакви пред законот. А во поглед на бегството на Груевски, јас гледам вина и во таа Комисија за заштита од дискриминација. Тие на некој начин му овозможија на Груевски да Унгарија не ни го испорача. Затоа што овде таа комисија донесе една навистина многу чудна одлука согласно која јас сум го дискриминирала Груевски, замислете, политички“,

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.12.2019 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега