Македонската полиција прави парче - Уапсени пет лица
Македонската полиција вчера уапси пет лица, бидејќи нелегално влегле во земјата, а од нив дел биле фатени и со дрога.
По полноќ на улицата„Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Р.(18), Х.З.(20) и Л.М.(20), тројцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив е пронајдена марихуана, а претходно, во 16.30 часот во хотел во Стар Дојран од слобода бил лишен Ј.И.(26) од Авганистан поради незаконски влез во Македонија.
Исто така, вечерта во 21 часот и 30 минути во Битола од слобода бил лишен Р.Б.Ј.(29) од Куба поради незаконско преминување на државната граница и незаконски престој во Македонија.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа