ВМРО-ДПМНЕ: Штетата што ја направи оваа криминална власт за три години е како за триста

Празните и бледи соопштенија на СДСМ нема да го намалат поразот на Зоран Заев на 12-ти април, велат преку соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата реагираат и велат дека штетните политики на Заев, криминалите, тендерите, рекетарството нема да се сокријат со скапо платени реклами од џебот на граѓаните.

„Штетата што ја направи оваа криминална власт за три години е како за триста. Одговорност за тоа ќе има на 12-ти април. Новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ  за граѓаните на Република Македонија ќе донесе правда, принципи, промена и обнова. По 12-ти април Македонија ќе го врати ударот кон сите кои удираа по нејзе. Обновата доаѓа“ наведуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега